Овојпат нека е за вечност:Даниел Кајмаковски се ожени по втор пат

1712

Даниел Кајмакоски, македонски победник на „Икс-фактор“ и наш поранешен евровизиски претставник, објави убави вести.

Пејачот пријатно ги изненади фановите со веста дека се оженил со својата нова партнерка, а веќе денеска и  сподели фотографии од венкавката со своите следбеници на Инстаграм.

Иако јавноста засега не знае ништо за идентитеот на неговата избраничка, тој не се воздржа да ѝ упати емотивни зборови кои ги разнежнија фановите.

„Те сакам, не само поради тоа што си, туку и поради тоа што сум јас кога сум со тебе“.

Првите заеднички фотографии со неа ги објави минатиот септември, а веќе следниот месец објави уште една објава со напис: „Ти си сè она што некогаш сум го барал“.

Инаку Кајмаковски зад себе има еден брак со манекенката Кристина Димитријевска со која го има синот Давид, а кој заврши по три години од венвката.