Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ по една сезона помината во Валенсија најверојатно ќе го напушти клубот и ќе се пресели во редовите на Гран Канарија.

Тоа би значело дека македонскиот кошаркар нема да „помириса“ Евролига ниту во наредната сезона, а за сето тоа виновен е новиот тренер на тимот, Алекс Мумбру, кој му соопштил на Димитријевиќ дека не е во неговите планови за следната сезона.

Димитријевиќ минатата година потпиша четиригодишен договор со Валенсија, но по само една сезона ќе мора да го напушти тимот.