Ниту прва, а ни последна: Пејачката Анабела рекордерка по бројот на бракови

429

Последниот брак и е со Андреја Атијас со кого ја има ќерката Бланкица, а овие денови поради нивниот развод балканските медиуми плетат најразноводни приказни.

Пејачката Анабела имаше навистина тежок живот. Таа е пред сè дете на разведени родители, а самата признава дека поради разводот на мама и тато сè уште има трауми. Другото тешко разочарување и се случило кога во Босна почнала војната со распадот на СФРЈ. Таа била трета година во средно училиште, веќе вљубена, тогаш заминала кај момчето кое поради кариерата како ракометар живеело во Швајцарија. Бил професионален спортист, а таа престојувала кај него за време на летниот распуст.
-Со војната целата убавина и безгрижност ми исчезнаа, а дојдоа тешки денови, раскажа Анабела.

По војната се запознава со својот иден сопруг Гаги Ѓогани. Тие двајцата станаа популарни пејачи, а за нивната песна известуваше дури и „ЦНН“ каналот кој Анабела го гледаше постојано поради вестите за Југославија. Дури тогаш сите му поверувале на Гаги дека се популарни и дека имаат светски хит. Со Гаги се венчаа официјално во 1995 година, по операцијата на тумор на Анабела. На дојката почувствувала грутка, со која го открила туморот на време. Беше на хормонска терапија, па успешно оздраве.
Потоа Анабела забремени, ја роди ќерката Луна, но не можеше да ја дои зашто немаше една природна дојка. Тоа премногу тешко и падна.

– После Луна пак останав бремена, со близнаците. Но, имав тешка бременост, најпосле ги изгубив, тие починаа. И покрај огромната душевна болка и тага, јас морав потоа да пеам, да заработувам за живот. По една година од таа несреќа, ја добив втората ќерка Нина. Сепак бракот со Гаги ми беше катастрофален. Немавме добра комуникација. Анабела и Гаги се разведоа после 14 години, а таа разделба ја следеа секакви скандали и изјави.
По разводот со Гаги, се заљуби во згодниот манекен Младен Радуловиќ. И таа љубов брзо заврши. Последниот брак и беше со Андреја Атијас со кого ја има ќерката Бланкица, а овие денови поради нивниот развод медиумите плетат најразноводни приказни. (Д.М.)