Нина Бадриќ се храни како Новак Ѓоковиќ, вели дека сега нема надуен стомак, ниту отечени нозе и има само позитивни мисли 

4255

Популарната поп-пејачка ја открива тајната на својот младешки изглед!                    Нели, печеното прасешко месо често е омилено јадење на секој Србин, но Новак никогаш не го консумира. Тоа стана и начин на живеење кај него дома, некаков култ кон животинскиот свет, дека и тие се живи суштества, дека дишат, крвават, се радуваат и тагуваат. Од многу причини, ние, како луѓе, не смееме да го јадеме нивното месо. Голем грев е тоа. Се враќа на човекот во вид на најразлични болештини, најчесто како канцер, како гангрена, како инфаркт, како цревни, бубрежни, очни, но и душевни нарушувања

Познатата хрватска поп-пејачка, Нина Бадриќ,  која има голема популарност и во Македонија, од година на година изгледа сè поубаво. Иако веќе има педесет и неколку години, Нина има рецепт за добриот изглед. Рецептот се крие во нејзината здрава исхрана. Го навикна организмот да не јаде веќе животинско месо, и строго се придржува кон тоа.  – По три години откако го применувам ова правило во исхраната, сега ми се гади и од самата помисла да јадам мртви или пред тоа замрзнати животински трупови.

Откако се хранам без месо, телото ми е во рамнотежа, кожата и косата ми се блескави, ноктите не ми се кршливи и имам милион пати повеќе сила и енергија. Ги чувствувам само позитивните вибрации. Мислите ми се позитивни. И тагата мошне брзо ме напушта. Искрено, секому му го препорачувам ова. Значи, обидете се, со силна волја, да го исфрлите месото од менито. Но, доколку не можете сепак да се откажете од месото, моја препорака е да го јадете само еднаш месечно, во мало количество, варено, бело пилешко без леб, со некоја сезонска салата.  И толку! – објаснува Нина.

Нина понатаму раскажува:

– Оваа диета, која, впрочем, и не е диета, туку станува начин на живеење, со години ја практикува светскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ. Тој е презадоволен, а резултатите му се феноменални. Новак ретко кога заболува, ретко кога е настинат, ретко кога се чувствува преморено, нема надуен стомак, не е поспан, нозете веќе не го болат и не му се отечени. Значи, тајната е во тоа да се исфрли месото од исхраната, да се исфрлат тестенините, алкохолните и газираните пијалаци, хамбургерите, тостовите, разните грицки како чипс, смоки, переци…

Кога го прашав Новак во една пригода, на некој прием, како дошол до сознанието дека не треба веќе да јаде месо, ниту печено во рерна, ниту на скара, ниту варено, тој ми даде едноставен одговор, дека сè е до мозокот, до цврстата волја на поединецот. Беше сигурен во тоа дека нема веќе никогаш да стави во уста прасешко печено, што е, нели, најчесто омилено јадење на секој Србин, ха, ха, ха…

Новак оттогаш никогаш повеќе нема јадено прасешко месо. Тоа веќе стана и начин на живеење кај него дома, некаков култ кон животинскиот свет, дека и тие се живи суштества, дека дишат, крвават, се радуваат и тагуваат. Од многу причини, ние, како луѓе, не смееме да го консумираме нивното месо. Голем грев е тоа, па му се враќа на човекот во вид на најразлични болештини, најчесто како канцер, како гангрена, како инфаркт, како цревни, бубрежни, очни, но и душевни нарушувања.

Покрај зеленчукот, Нина вклучила во своето мени и супи од брокула, тиква, марула, зелка, морков. Таквите супи ѝ одговараат, не ја заситуваат и нема потреба да јаде да се прејадува, како некогаш.

– Со полн стомак, ако не легнев да отспијам барем половина час, доаѓав во ситуација да не можам да се движам. Сега, откако сум на исхрана без месо, не!!!

Дали поради ваквиот начин на исхрана или не, но Нина важи за една од најсексапилните пејачки на естрадата. Често ги воодушевува следачите на социјалните мрежи со својот младешки изглед. Особено сега во ова жешко време, кога објавува жешки фотографии во костим за пливање.          Д.М.