Австралискиот тенисер Ник Кирјос отвори профил на OnlyFans, популарна платформа за возрасни. Својата одлука ја објави на Инстаграм. „Сè штотуку стана полудо. Придружете ми се на OnlyFans!“, напиша Кирјос во описот на објавата со која го најавува своето доаѓање на познатата страница за 18+.

“Секако, ќе има тениски топчиња, совети, трикови и разни приказни од зад сцената. Освен тоа, ќе можете да ги видите сите страни од мене. Игри, тетоважи, мојата интимна страна – сè е на масата. Јас ќе ги носам навивачите на незаборавно возење“, додаде австралискиот тенисер.

Кирјос толку долго не е активен во тенисот што нема пласман според АТП, а најдобриот пласман во кариерата и натаму е 13. место од 2016 година. Во кариерата заработи 12 милиони долари, а не се знае дали повторно целосно ќе му се посвети на тенисот.