Нико Шулц како лев бек

42

Офанзивниот лев бек од редовите на Хофенхајм, Нико Шулц, ќе биде првата летна аквизиција на германскиот гигант Борусија од Дортмунд.

Како што пренесуваат германските медиуми, преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза и конечниот договор треба да биде постигнат во следните неколку дена.

За да ги осигурат услугите на 26-годишниот репрезентативец на Германија, раководните лица на Борусија до Дортмунд мораа да го прифатат побараното обесштетување од 30 мил. евра.