Не помина ниту еден месец откако репрезентативките на Шпанија го освоија златниот медал во Сиднеј, а веќе се случи многу непријатни работи.
Сите шпански медиуми пишуваат дека како некакво цунами да ја уништило шпанската репрезентација и прашање е дали ситуацијата наскоро ќе се подобри.
Најпрво во прв план беше полемиката со бакнежот меѓу сега веќе поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес и фудбалерката Џени Хермосо.
Како резултат на тоа, 23 репрзентативки кои беа светски шампиони објавија дека побарале промени или се повлекуваат од националниот тим.
Тие ја добија поддршката од останатите шпански фудбалери, така што во моментов над 40 од нив се решени да не играат за својата земја додека не се исполнат сите нивни барања.
Рубиалес си замина, од репрезентацијата си замина и омразениот селектор Хорхе Вилда, но и тоа не е доволно. Новиот селектор Монсе Тома не може да смета на целиот тим што го освои Светското првенство, но и на многу други играчи, за натпреварите од Лигата на нации во септември против Шведска (22 септември) и Швајцарија четири дена подоцна.
Изминатата недела сите фудбалерки одржаа состанок на кој беше донесена заедничка одлука дека нема да се вратат во националниот тим додека не се исполнат сите барања и не се смени целата група луѓе кои раководат со женската фудбалска репрезентација.
Прашање е каков список ќе објави новиот селектор Монсе Тома кој офицјално денеска и официјално беше претставен како нов селектор на сениорската женска репрезентација.
„Бунтовниците“ сметаат дека нема доволно промени во РФЕФ со заминувањето на Луис Рубиалес и Хорхе Вилда. Според некои извори, тие бараат, меѓу другото, заминување на генералниот секретар Андреу Кампс, шефот на Интегритет Мигел. Гарсија Каба и членовите на Одделот за комуникации одговорни за објавување лажни изјави на Џени Хермосо по бакнежот од Рубиалес, Ана Алварез и Рафа дел Амо, директорка и претседателка на женскиот фудбал на РФЕФ, исто така се во центарот на вниманието, пренесуваат медиумите во Шпанија.
Неодамна освоената титула светски првак е прва во историјата и Шпанија сега е единствената земја што била светски шампион во фудбал во сите селекции.