Николоски: ДУИ се предолго на власт и тоа со истите кадри

297

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“, на ТВ21, истакна дека ДУИ предолго се на власт и дека, освен тоа, не ги менуваат кадрите.

Николовски смета дека ДУИ се преценуваат и вели дека треба да се соочат со фактите кога влегуваат во дијалог со ВМРО-ДПМНЕ.

„Факт е дека скоро и да нема човек со кого разговараме, уште помалце луѓе кои се во деловниот свет кој што ни се жалат од институциите каде што има кадри на ДУИ, пред се во делот на корупција. И тоа е јавна тајна“, вели Николоски.