Николоски: Во ИЕ 4 јас и мојата партија водиме преку 4 проценти

131

Моја агенда е да бидам што повеќе со луѓето затоа што јас не бркам проценти, јас работам, изјави Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 4 во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 на емисијата „Само вистина“

Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на овие избори за, како што вели, да ја казнат актуелната власт.

-Граѓаните масовно да излезат на избори, зошто ние за разлика од нив имаме дијаметрално спротивни ставови. Нашата цел е повисока излезност, а тие сакаат мала излезност за помал пораз. На секоја опозиција и одговара поголема излезеност. Дополнително и најважно е што според анкетите во 4 ИЕ, моето водство пред Заев е преку 4 проценти, и водството на мојата партија е преку 4 проценти во оваа ИЕ што е стабилно водство за почеток на кампања, а очекуваме и да расте, како во оваа ИЕ, така и во цела Македонија, рече Николоски.

Неговиот мотив за ИЕ 4 бил да му покаже на Заев, вели, како се работи.

Според него, иако Заев бил градоначалник, во родното Муртино за 18 години не успеал да изгради атмосферска и фекална канализација.

-Ако дома не си средил, не може и во цела држава да ја средиш работата, вели Николоски.