Филмскиот и театарски продуцент Никола Кимовски е новиот в.д. директор на НУ Македонски народен театар.  Функцијата ќе ја извршува од денеска согласно решението од Министерството за култура на РСМ, од 10 јули, а потпишано од страна на министерот за култура Зоран Љутков.

Имено, Симона Угриновска поднесе оставка од функцијата директор на МНТ, која ја извршуваше од 2018 година.