Никогаш не се работеше само за името, објаснува Фрковски за „Иквал тајмс“

64

Порталот Прес 24 пренесе дел од изјава на Љубомир Фрчковски за тројазичниот веб-портал „Иквал тајмс“. Во написот насловен  „Што ќе значи промена на името за (северно) македонскиот идентитет? “, во својата изјава Фрчовски го дава следниов одговор:„Прашањето за идентитетот и заедничката култура беа критични прашања во овој спор со Грција.“
Границите на земјата, се менувале низ вековите, објаснува Фрчкоски, така што територијата на денешна Македонија сукцесивно припаѓаше на римските и византиските империи, на средновековните српски и бугарски империи проследени со Отоманската империја, речиси 500 години, сè до Првата балканска војна во 1912 година. Многу историчарите и етнографи ги класифицираа жителите на Македонија како етнички Бугари пред тоа време, иако постојат докази во Соединетите Американски Држави за имигранти од 19 век, во кои изјавуваат дека нивниот идентитет е „македонски“ во официјалните документи за имиграција.
Фрчкоски истакнува дека Македонија е мала нација која дели многу елементи со бугарската и албанската култура. Државата е релативно млада, со оглед на тоа дека по Втората светска војна Титова Југославија ја создаде Македонија во рамките на границите како што ги знаеме денес, промовирајќи го македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
„Можеме да живееме со префиксот „Северна“ во името на земјата. Никогаш не се работеше само за името“ објаснува Фрчкоски.
„Името е исто така поврзано со концептот на нашиот идентитет, за тоа кои сме.Тоа е нешто како прашање на ‘опстанок’ кога сте мала словенска нација од само два милиона луѓе што лесно може да се ‘асимилираат’ од вашите поголеми соседи“, објаснува професор Фрчкоски за „Equal Times“.