Никогаш во историјата не биле наметнати толку санкции на ниту една земја во светот

72

Русија ќе се справи со 1.200 западни санкции, но не само што треба да ги замени увoзните производи, туку и да направи свои, во суштина нови“.

Ова го изјави првиот заменик-шеф на администрацијата на претседателот на Русија, Сергеј Кириенко, пренесува Спутник.

„На нашата страна веќе и се воведени повеќе од 1.200 санкции. Никогаш во историјата не биле наметнати толку санкции на ниту една земја во светот. Ќе излеземе на крај со тие 1200 санкции. Ако додадат повеќе, ќе се справиме и со нив“, рече Кириенко.

„Но, тоа се предизвици, кога не треба само да создадеме имунитет на санкции, не само да го замениме увозот, туку и да создадеме нешто суштински ново. Мораме да создаваме свои производи“, нагласи Киријенко.

Затоа, како што рече, сегашното време е „време на вистински патриотизам, време на тимска работа“.