Низ Хром со 30 км/час

54

Во блокот на населбата Хром се предвидува изработка на ново сообраќајно решение со цел подобрување на состојбата во сообраќајот, следејќи ги најновите светски препораки и насоки за развој на урбаната мобилност.

Како што најави на својата фејсбук-страница, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, се планира да се воведат мерки за смирување на сообраќајот со имплементација на зона 30 километри на час, на улици на кои има просторни услови за обезбедување на тротоари, како и доделување на простор за велосипедисти, но и воведување на зони со смирен сообраќај на станбените улици на кои нема просторни услови за обезбедување тротоари. 

– На голем дел од улиците воведуваме еднонасочен режим на движење на моторните возила, со што овозможуваме и повеќе простор за паркирање. Со овие мерки планираме моторните возила да бидат „гости“ низ улиците во Хром, а предност даваме на пешаците и велосипедистите – истакна Наумоски.