Нивото на колективен имунитет против Ковид во Русија изнесува 63,7 отсто

14

Нивото на колективен имунитет на Русија се зголеми од 62,6 отсто на 63,7 отсто за една недела, соопштија здравствените власти. Севкупно, епидемиолошката состојба е подобрена во девет региони“, информира Министерството за здравство.

Вицепремиерката Татјана Голикова посочи дека 76,7 милиони луѓе во Русија се целосно вакцинирани против коронавирус, вклучително и со засилувачки дози.

– Вкупно 80,6 милиони луѓе во земјата се вакцинирани со првата доза, додаде Голикова за време на брифингот за коронавирусот.