Повеќекратниот светски шампион во снукер, а по многумина и најдобриот играч на планетата Рони О‘Саливен, изрази незадоволство од организаторите на Светското првенство кое се одржува во Шефилд, заради одлуката во салата да бидат присутни и навивачи и покрај тоа што постои опасност да се заразат со „Ковид 19.“

Тој и не е единствен што им забележа на организаторит, меѓу најгласните беше и Енрони Хамилтон, кој од почетокот на пандемијата со коронавирусот води сметка за сите правила и прописи.

-Да замислиме дека една личност ќе се заразии почине заради коронавирусот кој го добил во салата. Тоа е тогап една личност која починала без никаква причина, чисто заради забава, рече Хамилтон и додаде:

-Јас спаѓам во височно ризична група, бидејќи имама астма. За вело време додека бев во карантин не видов никого. Сам вежбав и сам си ги работев сите работи низ дома. Затоа кога ќе влезам во сала која ќе биде полна со над 300 луѓе, нема да ми биде нималку пријатно.

Уште поостро реагираше О‘Саливен и во целост се сложи со Ентони Хамилтон.

-Слушам како луѓето кои играат снукер дека ги третираат како лабараториски глувци. Мораа од некого да почнат и затоа одлучија тоа да бидеме ние, изјави О‘Саливен.