
Поранешниот светски шампион во бокс, во тешка категорија Украинецот Владимир Кличко беше во Германија, а таму даде интервју за телевизијата ЗДФ. На прашањето зошто не е на фронтот, тој го даде следниот одговор.
– Не сум подготвен да умрам за Украина. Подготвен сум да живеам за неа. Потешко е од умирање – одговори Кличко.
Според него, разликата меѓу Русите и Украинците е во тоа што Русите се мобилизирани, а во вооружените сили на Украина, како што рече Кличко, главно се борат доброволци.
– Украинците се различни… Повеќето од луѓето кои се на нашиот фронт не се мобилизирани – изјави Владимир Кличко.
Владимир Кличко, заедно со неговиот брат Виталиј, неколку пати облече униформа и отиде на фронтот, каде што се сликаше и направи видео со украинските војници.
Кличко во професионалниот бокс влезе во 1996 година и се натпреваруваше до 2017. Во тој период беше сопственик на титулите во супертешка категорија, во верзиите ВБА, ИБО, ВБО и ИБО, додека неговиот брат Виталиј Кличко во тоа време го дрежеше шампионскиот појас во ВБЦ верзијата, кој го загуби од Американецот Дионтеј Вајлдер.
Кличко се пензионираше на 41 година, тој освои многу титули во неговата 21-годишн професионална кариера, која што почна откако на Олимписките игри во Атланта 1996 година го освои златниот медал.
Кличко беше неприкосновен шампион од 2006 до 2015 година. Последната борба на Кличко беше кога неочекувано загуби од Британецот Ентони Џошуа, а најевениот реванш никогаш не се одржа.