Не се почитуваат протоколите за безбедно одвивање на наставата: Учениците се враќаат дома?

3031

За една до две недели учениците ќе продолжат со онлајн настава, предупреди микробиологот д-р Никола Пановски. Тој вели дека во средните училишта каде што има по 34 деца во клас, треба да има поделби на смени бидејќи средношколците се понедисциплинирани од основците. Сите предупредувања од експертите и родителите дека најавените строги протоколи за безбедно одвивање на наставата со физичко присуство на само по два дена од стартот на новата учебна година се потврдија дека се едноставно неприменливи во пракса. Во поголем дел од основните и во средните училишта учениците седат по 30 до 35 во една училница, и по две деца во клупа, со што не се запазува пропишаното растојание од 1,5 метри. Голем број деца се групираат и по ходниците и во тоалетите, а најголема опасност од ширење на вирусот претставува превозот со автобус до училиште каде голем број средношколци се гужваат, но и не носат маски. Недржењето дистанца и спуштените маски се особено видливи во училишните дворови каде децата, по повеќето часови со маски на лицата во училниците, мораат да дојдат до воздух

За една до две недели учениците ќе продолжат со онлајн настава, смета микробиологот д-р Никола Пановски. Тој наведува дека во средните училишта каде што има по 34 деца во клас, треба да имаме поделби на смени и веројатно тоа ќе се случи.

-Мое искуство е дека помладите деца се подисциплинирани, така што кај средношколците не знам колку ќе носат маска, особено кога ќе го нема наставникот. Сметам дека средношколците кои се 3-та и 4-та година веќе се имунизирани, затоа што имаа толку многу контакти во претходниот период, отколку што ќе имаат во училиште, потенцира Пановски.

Тој е во недоумица како ќе реагираат епидемиолозите при појава на ковид-случај во училница, дали сите ќе одат во изолација.

-Нешто слушнав 10% ако се заразени ќе одат во изолација. Не сум сигурен што нè чека, но веројатно по недела-две повторно ќе продолжат со онлајн настава, ако оди ситуацијата вака, изјави во телевизиско гостување.

За хирургот д-р Тодор Ношпал, пак, донесената одлука за настава со физичко присуство на децата во училиштата е како да се потпишува смртна пресуда за некого.

Сите предупредувања од експертите и родителите дека најавените строги протоколи за безбедно одвивање на наставата со физичко присуство на само по два дена од стартот на новата учебна година се потврдија дека се едноставно неприменливи во пракса.

Во поголем дел од основните и во средните училишта учениците седат по 30 до 35 во една училница, и по две деца во клупа, со што не се запазува пропишаното растојание од 1,5 метри. Голем број деца се групираат и по ходниците и во тоалетите, а најголема опасност од ширење на вирусот претставува превозот со автобус до училиште каде голем број средношколци се гужваат, но и не носат маски. Недржењето дистанца и спуштените маски се особено видливи во училишните дворови каде децата, по повеќето часови со маски на лицата во училниците, мораат да дојдат до воздух.

Од друга страна пак, на родителите кои беа исплашени за здравјето на своите деца и кои пред почетокот на учебната година бурно реагираа да се смени моделот на настава од физичко присуство во онлајн, во поголем дел од училиштата им ги одобрија барањата.

-Околу 2% од вкупниот број ученици бараат онлајн учење од медицински и немедицински причини. Ова не е голема бројка и ќе им се излезе во пресрет на родителите бидејќи станува збор за деца со хронични болести или за членови на семејства со хронични заболувања како и други немедицински причини, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

Царовска повторно посочи дека состојбата се следи и дека доколку Комисијата за заштита од заразни болести оцени дека треба да се промени моделот, тоа може веднаш да се направи бидејќи образовниот систем е подготвен за три сценарија.

Но сликата од терен воопшто не е розова. Иако Царовска посочи дека учениците кои ќе следат онлајн настава предвидено е активно да учествуваат на часот, исто како оние во училница, сепак од поголем број родители стигна информација дека онлајн наставата започнува во понеделник, а не во исто време како и онаа со физичко присуство.

Незадоволство од новата концепција во основното образование кое се воведува во прво и четврто и дигитализацијата изразуваат и родителите од иницијативата „Учебници и настава мора да има“ кои најавија можен бојкот на наставата од понеделник.

Проблем е и недостатокот на учебници и таблети во некои училишта во Скопје, за што министерката посочи дека не постои никаков проблем и дека учебници ќе има.

„Морам да истакнам дека учењето не значи учебник. Многу е значајно новата концепција да ја промени парадигмата на учењето, а тоа е идејата на новиот Концепт за учење. Родителите, наставниците и административниот кадар имаат обврска да ги спуштат дигиталните учебници на постојните таблети кои се во училиштата и втора работа е дека ги спуштаат по информации во вибер групи или е-мејл адреси за тие да ги инсталираат“, изјави таа.

Инаку, по една и пол година учење на далечина, во училишните клупи годинава на 1 септември седнаа над 187.000 основци и 70.000 средношколци.