Не се замарав со Верстапен, си возев за своја душа

102

По пет години минати во тимот на Ред Бул, Австралиецот Даниел Рикардо, реши да ја напушти оваа екипа и својата кариера да ја продолжи во редовите на Рено. Австралиецот за австрискиот тим стартуваше на 150 трки, на кои забележа седум победи, а три пати успеа да ја освои пол-позицијата.

Овој пат Рикардо откри дека додека бил во Ред Бул никогаш не се оптоварувал со она што го правел неговиот колега Макс Верстапен, туку дека возел за своја душа.

  • Во последната сезона дојдов во ситуација кога веќе не ме интересираше борбата со тимскиот колега, тогаш почнав да возам за своја душа. Не ме интересираше што имам помалку бодови од него. Не се чувствував добро поради резултатите, но едноставно не сакав да мислам на тоа. Да бев на своето ниво, веројатно ќе бев подобар од него. Вака тој заслужи да биде пред мене, изјави Рикардо.