Не, не е крај: уште една грешка во „Игра на престоли“ (фото/видео)

129

Откако Денерис пиеше кафенце во Зимоврел, па на Џејми Ланистер одеднаш му израсна раката што му ја отсекоа, во последната, финалната епизода од серијата „Игра на престоли“ во сцената во Јамата на змејот, кога Сивиот Црв го води Тирион пред советот на лордовите, некои од нив под столовите имаа скриено шишенца со вода.

Тоа го забележаа верните фанови кои со своите коментари буквало го зажарија Твитер. Многумина сметаат дека оваа грешка не смеело да се случи, особено затоа што серијата беше на мета на критичарите поради многу пропусти.
Погледнете ја грешката што се случи на последното снимање на серијата.