Иако влезе во осмата деценија од животот, на славниот Илие Настасе (75) не му е проблем да зборува за необичностите од својот сексуален живот.

Поранешниот романски тенисер, во последните неколку години, најмногу се појавуваше во медиумите за да го критикува Новак Ѓоковиќ, па му пречеше турнирот во Белград, но деновиве е во центарот на вниманието поради својот живот. Во разговор за британски медиуми, поранешниот тенисер проговори за својата автобиографија во која излажал за некои информации.

Во таа книга се наведува дека во текот на животот, тој спиел со повеќе од две и пол илјади жени, што не е точно! Всушност, бројката е повеќе од пет пати помала, а Илие Настасе откри за што, всушност, се работи. Исто така, раскажа уште некои пикантерии од својот приватен живот.

– О не, ги немаше толку многу! Ми побараа некоја голема бројка за подобро да се продаде автобиографијата. Претерав – откри Настасе.

Сепак, бројот на жени со кои спиел е импресивен.

– Колку беа? Можеби 300, 400… Никогаш не сум ги броел. Каква разлика има дали е 500 или 2.500? Како да се сетам на тоа? Имаше и многу промашувања, не освојував поени кај некои од жените. Бев уморен од тенисот, некои ме одбија. Нема да добијам медал поради тоа – објасни Романецот.

Сепак, има некои детали од неговиот сочен љубовен живот со кои се гордее.

– Ах, да! Две се максимум за мене, никогаш не сум бил со три жени истовремено. Преферирам еден на еден, но ако се укаже шанса за тројка, не сум глупав да ја одбијам. Можеби, сум луд, но не сум глупав – објасни Настасе.

Романскиот тенисер во текот на кариерата освои две грен- слем титули во сингл, три во двојки и уште две во мешани, а беше и на врвот од АТП-листата во август 1973 година. Инаку, тој се женеше пет пати!