Не може да се збогати од играње фудбал, па стана порно – ѕвезда

65

На италијанскиот фудбалер Давиде Ловинела не му оди најдобро на зелениот терен па си најде алтернативен начин како да се збогати.

Тој почнува кариера во порно индустријата, а интернетот го преплавија и неговите огласи како жиголо. Тој како фудбалер игра за нисколигаш и зема минималец. Неговата цел е да се збогати, а тоа го гледа преку порно-индустријата.

Моментално е дел од продукцијата на еден од најпопуларните порно актери Роко Сифреди, а Ловинела е воодушевен од фактот што ќе учи од него.

Тоа е нешто како Марадона да те учи да играш фудбал, вели Ловинела.

Тој не планира да се откаже од фудбалот, па и понатаму ќе игра во ниските италијански лиги, но тоа ќе му биде само како хоби за да може целосно да и се посвети на новата кариера.