Не може да се занимава со политика поради „непристојното“ презиме

35

Млад политичар кој се бори да дојде на власт во својот град Лобес во Белгија стана главна вест во светските медиуми, но не поради политиката за која се залага, туку само поради неговото презиме. Имено, тој не може да води политичка кампања на социјалната мрежа Фејсбук, бидејќи од оваа компанија сметаат дека неговото презиме е „непристојно”.

Тој инаку се вика Лук Анус и оваа социјална мрежа едноставно не го прифаќа.

Дваесет и шестгодишниот Лук е кандидат на Социјалистичката партија за Советот  на градот Ловес во Белгија. Кога забележал дека некој на интернет ја споделил фотографијата од неговиот изборен плакат на сфатил дека ќе мора да го промени своето презиме. Така на социјалната мрежа станал Лук Ану.

„Фејсбук едноставно не го прифаќа моето презиме”, им изјавил тој на локалните новинари.

Фотографијата на неговиот изборен постер брзо стана вирална во Белгија, а потоа се прошири и низ целиот свет.

Коментарите на оваа фотографија се различни, а ги има и оние погрдните, но младиот политичар вели дека може да се справи со целата ситуација и да се избори за своето место.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1871639699584455&set=a.106295572785552&type=3