Не можете да се ослободите од болките, ви треба нешто за смирување:Чајот од оваа билка решава се

116

Чајот од магдонос ги смирува нервите, ја ублажува болката, ја ублажува надуеноста, ја чисти крвта, а ова се само дел од ефектите поради кои народната медицина масовно го користи.

Магдоносот е медитеранско зачинско растение, кое поради светло зелените листови често игра главна улога во декорацијата на храната, но не е само украс, туку лек од природата.

Магдоносот се препорачува и како идеален напиток во борбата против треска, бубрежни заболувања, болести на уринарниот тракт, дијабетес, воспаление на очите, убоди, каснувања, па дури и импотенција.

Познато е и дека џвакањето магдонос ги отстранува непријатните мириси од устата, а од ова растение се користи се – лисја, корени и семиња.

Способноста на ова растение да го стимулира излачувањето на течности од телото е неверојатна, па затоа е многу корисно за здравјето на бубрезите и целиот уринарен тракт.

Коренот од магдонос делува како диуретик, па затоа се користи за лекување на разни форми на прекумерна акумулација на течности во телото.

Освен што го поттикнува излачувањето на течности, го стимулира и излачувањето на соли во организмот и влијае на намалување на крвниот притисок. Од слични причини, може да помогне во борбата против дебелината.

Покрај тоа, чајот од магдонос ја зголемува еластичноста на крвните садови, што го намалува ризикот од развој на чести кардиоваскуларни заболувања.