Не можам да разберам зошто навивачите ме исвиркуваат

38

Не е никаква тајна дека велшкиот интернационалец Герет Бејл, е најомразениот фудбалер помеѓу најверните фанови на шпанскиот гигант Реал (М). Иако е најзаслужен за последниот трофеј освоен во Лигата на шампиони, два гола даде во финалниот дуел против Ливерпул (3:1), Бејл на секој натпревар која се игра на „Сантијаго Бернабеу“ е „наградуван“ со свирежи и вулгарни пораки. Најрадикалните фанови на „кралскиот клуб“ не можат да сфатат дека голфот е најголема љубов на Бејл и веќе со години бараат да клупските челници да го продадат поранешниот фудбалер на Саутемптон и на Тотенхем.

За време на гостувањето во „Ерик Андерс Ланг Шоу“, Бејл говореше за пасијата кон голфот, за успесите на Реал (М), но и се пожали на односот што го имаат навивачите со него.

  • Не можам да разберам зошто навивачите ме исвиркуваат кога не ми оди најдобро на теренот. Тоа уште повеќе ме фрустрира. Кога топката не ги слуша нозете, секој фудбалер очекува да добие поддршка од трибините. Во Мадрид тоа не е така, а посебно го чувствувам на своја кожа. Секако, придонесоа за тоа и медиумите, приказните дека повеже го сакам голфот од Реал, дека не играм со срце за клубот. Нема фудбалер кој не сака да победи и да му помогне на тимот. Но, и навивачите треба да бидат на истата страна. Кошаркарот Стеф Кари игра голф на денот на натпреварот и никој не се замара со тоа, а јас ќе играм два ден пред натпреварот и веднаш се пишува како сум можел тоа да го направам, изјави репрезентативецот на Велс.