Не можам да застанам на патот на некој кој добил повик за настап на Олимпијада

5038

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскер призна дека не се мешал во заминувањето на двајца играчи во репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска за време на Олимписките игри.

Деветнаесетгодишниот Амада Диало и 27-годишниот Ерик Бејли заминаа во Токио.

  • Кога некој ќе добие репрезентативен повик за настап на Олимписки игри, мислам дека не можам да застанам на патот на овој сон од детството. Секако, Ерик е веќе во зрела возраст, но мислам дека го гледаат како вреден играч и затоа беше поканет. Ќе биде убаво да ги гледаме на Игрите во Токио. Тие ќе имаат своја претсезона, но мора да се вратат со медал, изјави Солскер.

Олимписките игри ќе се одржат од 23 јули до 8 август.