Во истражувањето спроведено со стручни лица на оваа тема, напаѓачот на бразилскиот тим Атлетико-МГ, Хулк, е избран за фудбалер со најубав задник.

Дваесет експерти гласаа преку слики на Интернет, а критериумите беа големината и изгледот, односно убавината на задникот. Титулата на крајот ја презеде поранешниот напаѓач на Порто и поранешен репрезентативец на Бразил.

Покрај Хулк, во потесниот избор влегоа Неимар, Килијан Мбапе, Кристијано Роналдо, Бранислав Ивановиќ, Дејвид Бекам…

Додека уште играше за репрезентацијата на Бразил, Хулк го привлече вниманието на голем број бразилски и странски медиуми со својот огромен и обликуван задник на Светското првенство во 2014 година.

-Од Светското првенство, не можев да го заборавам задникот на Хулк, тој е најубавиот кога се во прашање фудбалерите, објасни кандидатот што ја претставуваше државата Санта Катарина за „Мис Бум Бум“, Сузана Симонет.