Не им вадете муабети: Ирена и Стефан – случајно на Халкидики!

330

Стефан Величковски го знаеме како исклучително талентиран наш пејач кој постигна голем успех во шоуто “Ѕвездите на Гранд“, а за Ирена Спасовска ич муабет да не правиме. Сосема доволно препознатливо естрадно лице. Популарната македонска фолк пејачка неодамна се сретнала со Стефан случајно на плажите во Грција. А, на плажата што е и логично се сликале во костимите за капење. Како што вели таа, нема причина да и вадиме муабети од оној тип дека “сака младо пилешко“ кое е инаку омилена порција месо кај некои од нејзините колешки. Ирена не е од тие. Таа со Стефан се напила по едно кафе, освежителен пијалок, си го размениле муабетот за естрадата и музиката и Ирена истиот ден си заминала, накај Охрид каде имаше вечерен музички настап. И, толку, бидејќи сите други озборувања не “држат вода“, и ако водата била густо солена, морска…. Д.М.