Единствениот бар во Манчестер каде што се служат само безалкохолни пијалаци се затвора поради лошата работа по помалку од една година работа.
Сопственикот на барот, кој беше отворен во центарот на Манчестер во јануари под името Love from, рече дека неговата цел е да се обиде да ја промени перцепцијата на британската култура на пиење нудејќи им на посетителите ново искуство во ноќниот живот без алкохол.
Триесет и деветгодишниот Карл Консидин изјави за Тајмс дека барот првично работел добро бидејќи бил отворен за време на таканаречениот „сув јануари“ кога околу 8,5 милиони Британци се воздржувале од алкохол.
„Сувиот јануари“ е месецот кога, по декемвриските претерувања, многумина доброволно престануваат да пијат алкохол и сакаат да влезат во новата година трезвени, бистри, освежени и поздрави. Во својот бар нудел безалкохолни коктели за седум и пол фунти и безалкохолно пиво за шест фунти за половина литар.
Но, како што одминуваше годината, бројот на гости почна да се намалува.
„Многумина дури го продолжуваат „сувиот јануари“ бидејќи веќе по еден месец без алкохол се забележуваат придобивките, што ги видовме и кај нашите гости. Но, со потоплото време, луѓето претпочитаа да пијат на отворено. Затоа забележавме дека блиските локали се полни додека бевме празни тоа беше особено видливо за време на фудбалското првенство кога повеќето локали околу нас беа полни, за разлика од нашиот“, вели сопственикот.
Консидин рече дека очекувал интерес од многу помлади посетители, особено членовите на генерацијата Z, но дека тоа не се остварило.
Затоа најави затворање поради финансиски тешкотии и силната конкуренција во центарот на градот.
И покрај затворањето на барот, Консидин останува посветен на промовирање на животниот стил без алкохол преку поп-ап настани на фестивали, корпоративни настани и свадби.
Дознавме дека, всушност, има растечки тренд на безалкохолни пијалaци во кафулињата и баровите, но не мора да има целосно откажување од алкохолот“, заклучува тој.