Манекенката Софија Милошевиќ и фудбалерот Лука Јовиќ одлично се согласуваат во врската, а не кријат дека повремено и се караат за една работа.

  • Лука е одличен готвач, а јас сум очајна домаќинка. Јас навистина не можам и не сакам да готвам. Јас сум добар претприемач, но не сум за кујна. Лука е тој што подготвува фантастични јадења. Може да ме критикува дека ретко влегувам во кујната. Еднаш ми рече: „Можеш да научиш барем нешто да готвиш“, а оттогаш се обидувам да го изненадам, истакна згодната Милошевиќ.

Софија потоа додаде дека не им е сè идеално во врската.

  • Се расправаме затоа што двајцата имаме незгоден карактер, би било ненормално понекогаш да не се потскараме. Еднаш се налутивме еден на друг бидејќи не можевме да се најдеме во градот, заклучи Софија.