Не е надмината максималната концентрација на метали во Каменичка река

21

Максимална загадувачка концентрација на метали во коритото на Каменичка река од почетокот на годинава до крајот на месец март не е регистрирано.Тоа го покажаа првите резултати за загаденоста на водата во Каменичка река како дел од спроведувањето на проектот „Мониторинг на Каменичка река“.

Од еколошкото друштво ,,Здравец 2002″, кое е реализатор на проектот информираа дека веќе се направени три лабараториски анализи за присуство на тешки метали и други примеси во водите на Каменичка Река.

– Анализата се прави на 32 хемиски елементи и на 15 органолепечки и физичко-хемиски својства на водите на Каменичка река. Во посебна табела тие показатели се објавени јавно, така што секој може да ги види резултатите, а со тоа и да има претстава дали има и колкаво е загадувањето на Каменичка река- истакнаа од ,,Еко-Здравец 2002″, но сепак и покрај тоа апелираат до граѓаните и понатаму да се јавуваат на нивниот број за таа намена, кој е јавно објавен на нивната страница и истиот користи за пријавување на било какво загадување во коритото на Каменичка река.

Проектот ,,Мониторинг на Каменичка река“ финансиски е поддржан од програмата на Цивика Мобилитас.