Не бев спремен за Ѓоковиќ во финалето на АО

29

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека долгорочно гледано подобро е тоа што во финалето на првиито грен слем турнир Австралија опен, во финалето загубил од светскиот рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, бидејќи физички не бил доволно подготвен за овој дуел.

Новак убедливо славеше против Надал, пред две недели и ја прекина неговата серија на победи без загубен сет до финалето на турнирот во Мелбурн.

  • Чувствувам задоволство, бидејќи сум сфесен дека ништо повеќе не можев да направав од она што го направив. Но, ако подобро размислам за иднината можеби е подобро што не го добив тој натпревар, бидејки моето тело не би можело да издржи поголем напор. Оваа година до финалето стигнав без план Б и недоволно физички подготвен го дочекав дуелот со Новак, призна Шпанецот.
  • По неколку тешки месеци успех во кариерата, во Мелбурн неочекувано стигнав до финалето. Победив на шест натпревари без загубен сет. Во финалето Ѓоковиќ беше подобар од мене и кога ќе се случи тоа морате да му подадете рака и да му честитате на победата, заврши Надал.