Неџад Мехмедовиќ, заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедници

124

Неџад Мехмедовиќ ќе ја врши функцијата заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Мехмедовиќ е роден на 9 јуни 1985 година во Скопје. Дипломирал во 2008 година на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје. Во 2013 година магистрирал на тој факултет, а во 2017 година магистрирал на Универзитетот „Св.Климент Охридски” во Софија. Во 2018 година станува докторанд на студиската програма Историја на Македонија при Институтот за национална историја-Скопје.

Од 2010 до 2015 година бил проектен координатор во Центарот за истражување и креирање политики – Скопје, од 2016 до 2017 година бил проектен асистент во Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал”, а во 2018 година бил асистент истражувач во Институтот за национална историја-Скопје.

Бил коавтор на неколку монографии и статии, а учествувал и во реализација на повеќе проекти, тренинзи, курсеви, студентски посети.

Меѓу странските јазици кои ги познава се англиски, српски, хрватски, босански и бугарски јазик.