Дома МАКЕДОНИЈА Нешков: Интервјуто со Заев предизвика земјотрес од 9 степени 

Нешков: Интервјуто со Заев предизвика земјотрес од 9 степени 

173

Не невреме, туку земјотрес со јачина од 9 степени предизвика ова интервјуто во  Македонија. Такво обединување на длабоката држава, за кое и самиот Заев потврди дека постои, не постои од 1945 година“. изјави за бугарското национално радио сопственикот на агенцијата БГНЕС Љубчо Нешков, за интервјуто на македонскиот премиер Зоран, што предизвика остри реакции во Скопје, па дури и барања за оставка од македонскиот премиер.

Нешков истакна дека Зоран Заев се дистанцирал од кампањата против Бугарија, повика на крај на омразата.

,,Повика на решавање на сите прашања што постојат меѓу двете земји, а очигледно ова ја иритираше оваа длабока држава“, вели новинарот.

Според него, Зоран Заев веројатно нема да поднесе оставка затоа што тоа го побарале „политичари со тотално уништен авторитет“, а како такви ги спомена Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов.

Владата во Скопје е стабилна, беше категоричен Љубчо Нешков, повикувајќи се на изјавата на лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, „кој јасно повика на решавање на билатералните односи и прашањата што не се решени“.