Нечовски за македонската естрада: “Кај нас се е на пријателска база, на едно купче“

80

Лична покана на свадба, лична покана на крштевка, лична покана на вечерна свирка, кеш… и тие работи, тоа е кај нас!

Македонскиот хит-мејкер Борче Нечовски (препознатлив по хитот “Не кани ме“ со Миле Кузмановски), гостувајќи пред некој ден во забавната емисија “Магазин“ (ТВ Сител), ја оцрни македонската естрада:

– Ние сме точно таму каде што треба да бидеме, а тоа е никаде! Нашата естрада е на многу ниско ниво. Немаме ниту една продуцентска куќа. Ние немаме среденост во нашата држава за да се знае каде е што. Немаме лиценцирани пејачи, лиценцирани групи за да пеат или да настапуваат било каде…. Кај нас сè уште постои системот: лична покана на свадба, лична покана на крштевка, лична покана на вечерна свирка, кеш и тие работи… Кај нас се и првата, и втората, и третата и четвртата лига во едно купче. Истото се случува и во емисијата „Мерак меана“.

Тоа никаде го нема, само овде. На пријателска база. А, пријател ми е Борче, па нема проблем… Извинете што вака звучам, но ова е правата слика, искрено раскажа, меѓу другото, Нечовски.