Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се закани на Либанците со уништување слично на Газа доколку не ја ослободат својата земја од Хезболах, додека Израел ја проширува својата копнена офанзива против исламистичкото движење во јужен Либан.
На првата годишнина од смртоносниот напад на Хамас на израелска територија, Нетанјаху во понеделникот вети дека ќе ја продолжи борбата до победа против либанскиот Хезболах и палестинското исламистичко движење поддржано од Иран.
Либан да го доживее уништувањето и страдањето што ги гледаме во Газа, каде што израелската армија спроведува офанзива веќе една година, која остави десетици илјади мртви.
„Го елиминиравме (Хасан) Насрала“, лидерот на Хезболах убиен на 27 септември во израелски напад во јужните предградија на Бејрут, „како и наследникот на Насрала и наследникот на неговиот наследник“, додаде премиерот, без да наведува имиња.