„Несоница за двајца“ – изложба на Славко Круниќ во МКЦ

16

Во Галеријата на МКЦ, на 14 мај, во 20 часот ќе се отвори „Несоница за двајца“ – самостојна изложба на српскиот ликовен уметник Славко Круниќ.

Славко Круниќ (1974) изложувал на 35 самостојни и групни изложби во својата земја и во странство. Неговите илустрации се застапени во бројни книги и списанија. Плаштот на долго сонуваниот сон на Славко Круниќ претставува почетокот на соработката со Политикин Забавник. Како најголемо признание ги доживува илустрациите за омотите на објавените албуми на своите бендови. Живее и работи на релација Нови Сад – Белград.

Во рамки на изложбата на Круниќ, веднаш по нејзиното отворање, на платото пред МКЦ за првпат во Скопје ќе настапат „Deep Steady“.

„Deep Steady“ е состав од Нови Сад, Србија и со својата музика ја спојува традицијата на јамајканската музика со американски џез-форми. Во основа нивните композиции се ска, реге и калипсо-ритми, проткаени со џез-хармонии и импровизации.