Несекојдевна кражба: Провалил во сексшоп за да украде кукла

13

Крадец од Мелбурн провалил во секс-шоп со цел да украде кукла за секс. На видеото од безбедносните камери на продавницата се забележува крадец со фантомка, кој со помош на клешта и апарат за гаснење пожар извршува провала. Откако Австралиецот успеал да влезе во продавницата, ја украл секс-куклата Дороти која чини 4.500 долари.

Дороти е блондинка, која е висока 168 сантиметри и тежи околу 50 килограми, а изработена е од посебен материјал што е сличен на човековата кожа.