Непознати документи од последните денови на Тито: Ем во кома, ем пиел виски?

274

Во подземниот трезор на Клиничкиот центар во Љубљана, каде на 4 мај 1980 година почина Јосип Броз Тито, откриени се фасцикли со документација, пишува Јутарњи.хр.

Како што објавува порталот, документацијата фрла нова светлина на последните месеци од животот на Тито и неговиот персонал во најдобрата медицинска установа во тогашна Југославија.

Како што прв извести словенечкиот портаал 24ур, документацијата е откриена во просторија до која водат подземни ходници, а која последен пат се користела како засолниште за време на воздушната опасност во кратката војна со КНА во 1991 година.

Досега се сметаше дека целата документација поврзана со Тито е пренесена во Белград.

Повеќето документи откриваат што се е платено за време на престојот на Тито и неговиот персонал во болницата во Љубљана, а укажуваат дека во последните денови на Тито се водел раскошен живот во неговото опкружување.

Имено, како што пишува 24ур, за еден месе се изедени 100 килограми свинско месо, 31 килограм младо телешко, 15 килограми пршута и 90 килограми конзервирана шунка.

Потоа, за еден месец платени се 91 шише високи, 20 шишиња рум, 11 вотки и 100 литри вино, а според една сметка нарачани се и 700 парчиња торта, 200 ролати, 200 крофни…

Освен сметките кои покажуваат како живеело опкружувањето на Тито додека тој умирал. пронајден е и еден допис со кој Институтот за патологија пресметал дека обдукцијата на долгогодишниот претседател на Југославија ќе чини 33.437 динари. Лекувањето на Тито во Словенија го платила тогашна Социјалистичка Република Словенија со износ од два милиона и сто илјади синари. Бил лекуван од конзилиум од седум лекари од кои тројца од Словенија, а имало и по еден лекар и од САД и од Русија, пишува Јутарњи.хр.

Тито последните четири месеци од животот ги помина во болницата во Љубљана. Иако е познато дека не многу се придржувал до советите на лекарите, сепак во последните 68 дена бил во вештачка кома, вклучен на респиратор, па јасно е дека во тој период не можел да конзумира од наведените храна и пијалаци.