Необичен настан во Дубровник:Свршувачка во морските длабочини/ВИДЕО

151

Млада двојка од Франција Едуар Порт и Мејлин Померо се сврши под морската површина. Мејлин кажа т.е. напиша „да“ во текот на нурнувањето за нуркачи почетници во Дубровник, пренесе РТЛ Данас.хр.

Инаку, тие се заедно веќе 14 години, а за се да помине беспрекорно и за девојката да не се посомнева во ништо, инструкторите од нуркачкиот клуб се погрижиле да помогнат во подготовката и организаторката на свечениот и неповторлив чин.

Со оглед на тоа што не можел да клекне, романтичниот младич извлекол плочка со прашањето на кое, сега веќе неговата свршеница“, одговорила со „да“. Во видеото може да се види како нуркачите помогнале во организацијата на свршувачката.