Раководните лица на Рома ја одбија првата официјална понуда која челниците на Наполи ја испратија за услугите на грчкиот интернационалец, Костас Манолас.
Во договорот на централниот дефанзивец има ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 36 мил. евра, но раководните лица на Наполи не се подготвени да одвојат ниту едно евра за услугите на Манолас.
Понудата за размена на играчи, Костас Манолас за Дриес Мертенс е одбиена со образложение дека Рома не е заинтересирана за услугите на белгискиот интернационалец.