НЕМА ПРЕГОВОРИ! Хамас не сака делумна размена на заложници, понудена е само една опција

64
EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Високиот функционер на Хамас во Либан, Осама Хамдан, ја отфрли можноста за делумна размена на заложници, велејќи дека палестинската милитантна група бара „целосна размена“ на затворениците на Хамас кои се чуваат во израелските затвори.

Хамдан изјави дека ставот на Хамас е јасен од самиот почеток и дека тоа подразбира целосна размена на затвореници и рече дека секој предлог за размена мора да ја гарантира безбедноста на киднаперите, објави „Тајмс оф Израел“.

Хамдан ги демантираше информациите дека се водат разговори за делумно ослободување на заложниците.

Тој посочи дека паралелно се водат преговори за ослободување на заложниците со странски пасоши, но изјави дека Израел ги „попречува“ овие преговори.

Хамдан повика на слободно движење на луѓето кои собираат информации за заложниците во Појасот Газа, кои се држат на различни локации.

Хамас држи повеќе од 240 заложници во Појасот Газа од 7 октомври кога го нападна јужен Израел, пренесува Танјуг.