Нема попуштање за Влаховиќ

115

Челниците на италијанскиот калчолигаш Фиорентина не се откажуваат од своите побарувања кога е во прашање обештетувањето за српскиот интернационалец, Душан Влаховиќ. Одличниот напаѓач на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер и ќе може да си замине од Фиренца без никакво обештетување. И покрај таквата ситуација, челниците на Фиорентина остануваат на својот став дека ќе му биде дозволено да си замине во јануари само доколку официјалната понуда не биде помала од 70 мил. евра.