Шпанската фудбалска Ла Лига го прогласи голманот на Реал (М), Тибо Куртоа за најдобар играч во јануари. Мадридскиот клуб минатиот месец оствари три победи на три натпревари и се искачи на врвот на табелата.
Белгискиот чувар на мрежата прими само еден гол. Реал (М) во 23 кола има примено само 14 голови што е најдобар индикатор во клупската историја на „кралевите“ кога е во прашање оваа статистичка категорија.
Колку е добра одбраната на Реал може да се види ако се направи споредба со најголемиот конкурент за трофејот, тимот на Барселона кој досега во првенството има примено 28 гола или двојно повеќе.