НЕМА ПЛАТА за време на корона карантин – мерка што ќе ги погоди невакцинираните

1425

Во Германија досега важеше правилото дека кој се заразил и мора да биде во карантин, добивал целосна плата. Меѓутоа, од среда, во германската провинција Баден-Виртемберг, ќе стапат на сила нови мерки така што невакцинираните граѓани, кои ако треба да бидат ставени во карантин поради коронавирусот, нема да примаат плата за тој период.

Ова не е единствената провинција што ќе го воведе ова правило, иако е прва. Според медиумите, за ова се заинтересирани и Северна Рајна-Вестфалија, Хесен, Долна Саксонија и Мекленбург-Западна Померанија.

Министерот за здравство на Баварија, Клаус Холечек, рече дека оние кои не биле вакцинирани и немаат здравствени причини за да не ја примат вакцината, според него, немаат право на плата за време на карантин.

– Не може општеството да плаќа за нив – рече тој, најавувајќи дека покраината може да се приклучи кон усвојување на оваа мерка.