Нема пари за новогодишно украсувањето на Кичево

135

Општина Кичево годинава нема планирано средства од својот буџет за традиционалното новогодишно украсување на градот. Од локалната самоуправа велат дека целта на ваквиот чекор е парите да се трошат онаму каде што навистина ќе им бидат во служба на граѓаните.

– Секој граѓанин на Кичево кој има конкретни идеи за украсување на јавните површини, тоа може да го реализира со претходно информирање на надлежните општински тела – вели раководителот на Секторот за финансии, Бурим Кадриу.

Тој додаде дека средствата за украсување на градот подобро е да се искористат за поефикасно јавно осветлување на улиците низ градското подрачје и во селските средини.