Тренерот на Олимпијакос, Дејвид Блат, во отворено писмо до јавноста, соопшто дека боледува од тешката болест – мултиплекс склероза. Тој уште минатата сезона знаел дека боледува од оваа болест, но на никого не му кажал за тоа, постојано правел и лекарски прегледи кај грчки доктори под најголема дискреција.

Пред почетокот на новата сезона, 60 – годишниот стратег објави за оваа вест преку писмо.

  • Понекогаш во животот постојат пречки за кои не постои објаснување или причина. Во тие моменти мора да донесете одлука која ќе покаже кој е вашиот вистински карактер. Пред неколку месеци ми е дијагностицирана болеста ППМС, односно мултиплекс склероза. Тоа е болест која се манифестира на разни начини. Станува збор за автоимуна болест која на многу начини влијае на квалитетот на вашиот живот. Кога ми помина шокот и кога знаев дека ова ќе го промени мојот живот, решив да одам напред. Ќе се прилагодам на ова и ќе живеам нормално, порача Блат.

Тој беше тренер на Кливленд со Леброн Џејмс од 2014 до 2016.

  • Мене ме погоди пред се во нозете. Заморот, рамнотежата и мускулната сила ми прават проблеми. Почнав со специјални третмани за да ја засилам мускулатурата и мојата рамнотежа, како и пливање во базен за да го засилам телото. Кога се вратив од првичниот шок и од болката колку оваа вест ќе ми го смени животот, веднаш решив дека нема да се предадам. Единствено нешто што можам да го направам е да се адаптирам на мојата нова состојба и да пробам да продолжам што е можно понормално. Се прилагодив на истата методологија која ја користам во кошарката, кога има пречка да се совлада. Оваа борба е вистинска борба која не се шегува и како што нема лек и терапија, важи за битка која никогаш нема да заврши. Но не го загрозува животот, додека постојат луѓе кои водат далеку потешки битки. Мора да имаме храброст да не се предаваме, да одиме понатаму и да водиме квалитетен живот, констатира Дејвид Блат.