Бостонскиот атлетски маратон кој требаше да се одржи во април, а заради пандемијата со коронавирусот е променет за септември, откажан е првпат во својата 124 годишна историја соопштија организаторите.

Наместо трка ќе организираат виртуелен настан, а сите учесници кој ќе потврдат дека сами истрчале 42 километри ќе добијат медал.

Организаторите истакнаа дека приоритет е да се зачува здравјето на заедницата како и личното здравје, здравјето на волонтерите и посетителите.