Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги сподели своите ставови за изгледите на тимот во Лигата на шампионите. Сити беше клуб кој со децении сонуваше само да остане во Премиер лигата, но тогаш луѓе од Абу Даби го купија клубот кој стана шампион во Премиер лигата четири пати во последните десет години.
- Единствено што клубот сè уште го нема е трофејот од Лигата на шампионите. Нормално е дека луѓето сакаат да го освојат тоа. Добро е што тие зборуваат за победа на овој турнир. Ќе се обидам да го постигнам тоа. Ако не ова, тогаш следната година … Но, крајот на светот нема да дојде ако не ја освоиме ЛШ, рече Гвардиола во интервјуто за „Пост јунајтед“.
Во осминафиналето од ЛШ, Сити ќе игра со Реал Мадрид. Првиот натпревар помеѓу клубовите ќе се одигра на 26 февруари.