Некој ќе добие по 50 евра, некој само за „мачкање очи”, а некој ни за кибрит!

Почна исплатата - Кого ќе го греат парите од државата, а кој и натаму ќе мрзне?!

622

Сите невработени лица во Македонија, во следните четири месеци нема да добијат парична помош од државата заради енергетската криза. Како што велат и од Агенцијата за вработување и од Министерството за труд и социјална политика,  парична помош ќе добијат само невработените кои се веќе корисници на паричен надоместок по основ на невработеност. Тие што и сега не добиваат никаков надомест од државата и натаму ќе мрзнат. По 3.000 денари месечно во наредните четири месеци, или вкупно 12.000 денари, ќе примаат 42.000 граѓани од ранливи категории и невработените кои се корисници на парична помош по основ на невработеност. Директна финансиска поддршка ќе има и за пензионерите приматели на најниски пензии: над 91.600 пензионери кои примаат до 11.525 пензија ќе бидат помогнати со по 1.500 денари месечно, односно вкупно 6.000 денари за четири месеци. На корисниците на пензија и корисниците на правото на надоместок за телесно оштетување финансиската поддршка за месец декември е исплатена со исплатата на ноемвриската пензија.

 

Сите невработени лица во Македонија, во следните четири месеци нема да добијат парична помош од државата заради енергетската криза. Како што велат и од Агенцијата за вработување и од Министерството за труд и социјална политика,  парична помош ќе добијат само невработените кои се веќе корисници на паричен надоместок по основ на невработеност(оние што останале без работа по основ на стечај).

Останатите невработени кои редовно се пријавуваат во Агенција за вработување нема да добијат ниту денар помош од државата.

Неофицијално можеби, доколку Владата реши да одобри нов сет на антикризни мерки, би биле вклучени и овие невработени.

Министерството за труд и социјална политика веќе ги објави списоците на граѓаните кои ќе добијат финансиска поддршка од државата за справување со енергетската криза. По 3.000 денари месечно во наредните четири месеци или вкупно 12.000 денари, ќе примаат 42.000 граѓани од ранливи категории и невработените кои се корисници на парична помош по основ на невработеност. Директна финансиска поддршка ќе има и за пензионерите приматели на најниски пензии: над 91.600 пензионери кои примаат до 11.525 пензија ќе бидат помогнати со по 1.500 денари месечно, односно вкупно 6.000 денари за четири месеци.

Одобрените средства се во согласност со Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза. Како што велат од ресорното министерство, списоците на корисници на финансиска поддршка во согласност со овој закон се објавени на нивната веб-страница.

 -Доколку, некои од граѓаните/корисници во категориите опфатени со овој закон, не се во списокот, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат да поднесат приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка, која ја формира министерката за труд и социјална политика, во рок од три дена од датумот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка. Комисијата  по поднесените приговори одлучува во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на приговорот – велат од Министерството за труд и социјална политика.

Како што информираат од министерството, доколку некои од граѓаните на кои им следува оваа финансиска поддршка, не се најдат на списокот, тогаш постои можност да се поднесе и приговор.

-Рокот за приговор е 3 дена, почнувајќи од вчера, 6 декември до 9 декември (петок) – појаснуваат од Министерството.

Од министерство  велат дека бесплатната финанасиската поддршка, согласно овој закон, за корисниците на правата од социјалната и детската заштита ќе биде на 12 декември годинава. Додека исплатата за корисниците на паричен надоместок по основ на невработеност ќе биде реализирана на 14 декември, а списоците се објавени на сајтот на Агенцијата за вработување. На списокот нема да бидат сите невработени туку само оние кои што примаат паричен надоместок по основ на невработеност.

-На корисниците на пензија и корисниците на правото на надоместок за телесно оштетување финансиската поддршка за месец декември е исплатена со исплатата на ноемвриската пензија, појаснуваат од министерството.

Со цел подобра информираност на граѓаните, Министерството за труд и социјална политика потенцира дека исплатата на средствата, кои се дел од финансиската поддршка, согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, се исплаќаат одвоено од редовната месечна исплата на средствата кои произлегуваат од правата од социјална и детска заштита.

Во оваа група се оние граѓани кои што добиваат детски додаток, права на социјална сигурност на стари лица, право на надомест заради попреченост, право на надоместок за помош и нега од друго лице, како и самохрани родители кои се евидентирани како корисници на гарантирана минимална помош. Истовремено Министерството информира дека списоците се објавуваат согласно законската регулатива.

(В.Ма.)