Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од Кисела Вода, Центар и Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиените известувања од ЕВН и ЈП Водовод и канализација, утре без струја ќе бидат:· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Пушкинова бр. 4. ( Oпштина Кисела Вода ), од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците: 163, 164, 165 и Хусеин Бајрам во нас. Крњево ( Општина Центар ), а од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Демир Трајко и Његошева. ( Општина Карпош )

Во петок, без снабдување со електрична енергија од 08:00 до 16:00 часот, ќе бидат корисниците од делови од улиците: Коста Новаковиќ и Методија Шаторов – Шарло. ( Општина Аеродром )

Без вода, пак, утре, заради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100мм на ул. Среќко Пужалка бб, од 08:30 часот до завршување со активностите, ќе бидат корисниците од дел од улицата Среќко Пужалка и нас. Товарник. ( Општина Гази Баба )

Заради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100мм на ул. Виктор Иго бр. 31 , од 09:00 часот до завршување со активностите, со прекинато водоснабдување ќе бидат и корисниците од улиците: Виктор Иго, Невена Георгиева Дуња, Драга Стојановска и Дренак. ( Општина Кисела Вода).